Македонскиот јазик победува и на спортските терени
Иако земјава се наоѓа во тек на дипломатска офанзива за деблокирање на евроинтеграциите, Владата со уште еден потег покажа дека постоењето на македонскиот јазик никогаш не било доведено во прашање бидејќи без никаков проблем ја прифати и усвои информацијата за овозможување содржина и емитување на македонски, но и на албански јазик на каналите Спорт Клуб и Арена Спорт. Со оглед дека овие спортски канали се масовно следени од граѓаните,
Владата одлучи да покрене иницијатива за воведување на официјалните јазици во земјава.
Измислувањето лажни сценарија за спорот со Бугарија од стана на опозицијата, како и блокирањето улици со по 10 до 20 партиски војници, кочењето на важните процеси во Собранието, се само страв од неуспех на опозицијата и дел од нејзиното сценарио за блокирање на европските просеци на Северна Македонија... Но, лажните вести на ВМРО ДПМНЕ паѓаат во вода бидејќи токму авторските права на овие програми се во согласност со директивите на ЕУ.
Со оваа одлука Арена спорт и Спорт клуб ќе бидат регулирани како во Словенија, Хрватска, земји членки на ЕУ, каде што програмите се емитуваат на официјалните јазици во овие држави. Сето тоа сега треба да се имплементира и во Македонија најдоцна за три месеци.
Агенцијата за електронски комуникации доби задача да формира работна група и да пристапи кон изнаоѓање начин за спроведување на заклучокот за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Македонија преку јавни комуникациски мрежи.
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
