Македонските кошаркарки со пораз од Украина ги завршија квалификациите за Евробаскет 2025
Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Рига загуби од Украина со 74:72.
Украинките до победата дојдоа со поени од слободни фрлања во самиот финиш.
Ова беше последниот натпревар од Г-групата во квалификациите за Евробаскет 2025.
Кошаркарките предводени од Александар Ашаданов речиси целиот натпревар бркаа резултатска негатива, за со одлична игра во последниот период да изедначат но во последните секунди од натпреварот Украинките добија слободни фрлања и ги реализираа.
Во листата на стрелци на денешниот натпревар се запишаа капитенот Митрашиновиќ со 33 поени, Матеа Николиќ со 13, Хемпе со 11, Селцова со 8, Трајчевска со 5 и Милица Николиќ со два поена.
Србија со 11 бода го освои првото место и избори учество на ЕП 2025, Португалија со исто толку бода заврши на второто место, Украина е трета со 8, Македонија е последна со 6 бода.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот