Македонските ракометарки со триумф над Хрватска го избегнаа последното место на Европското јуниорско првенство
Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација ја совлада попладнево Хрватска со 31-26 и го заврши настапот на Европското првенство во Романија на претпоследното 15. место.
По шесте последователни порази, македонските ракометарки денеска во Миовени за противник ја имаа Хрватска во натпревар во кој двете репрезентации посакуваа со победа да го избегнат последното место на Европското првенство.
Македонските ракометарки беа поквалитетни на паркетот и до полувремето стекнаа двоцифрена предност од 18-8. Хрватската репрезентација се обиде да се врати резултатски во натпреварот и на четири минути до крајот ја намали негативата на 28-25, но избраничките на селекторот Јулијана Дамчевска го издржаа притисокот и со победа го завршија настапот на континенталниот собир.
На денешниот триумф претходеа поразите од Црна Гора (33-29), Данска (39-27), Чешка (29-24), Норвешка (29-23), Србија (30-19) и Исланд (35-29).
Ново на Сител
-
Премиер лигата воведува полуавтоматизирана технологија за проценка на офсајд
-
Јокиќ постави рекорд во НБА
-
40 годишник од Штип возел со 1,77 промили алкохол во крвта без положен возачки испит
-
Здружение за заштита на потрошувачи во Србија повикува на месечен бојкот на трговски синџир
-
Посебен режим на сообраќај во дел од град Скопје поради излевањето на Маркова река
-
Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Крива Паланка
-
Во Косово убиен полициски началник
-
Трамп воведува нови царини, најавувајќи „златна ера“ за САД