Македонските стартап компании ќе се претстават пред германската индустрија
Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ денеска и утре ќе им овозможат на компаните, преку програмата „Betapitch“, да добијат менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја.
Главниот оперативен директор на „Бетахаус“, еден од клучните чинители на берлинската стартап-сцена, ќе учествува на ексклузивна презентација на бизнис-идеи од страна на македонски стартап-компании.
Избраните 10 до 12 стартап-компании, кои ќе бидат дел од менторирањето, во просториите на ИНОФЕИТ, на Факултетот за електротехника и информациски технологии, ќе може да ги презентираат своите идеи пред главниот оперативен директор на „Бетахаус“.
Најдобриот стартап ќе добие бесплатно патување на „Betapitch Global & Investors Day“ на 15 ноември 2018 во Берлин, каде што ќе може да ја презентира својата идеја-продукт пред германската индустрија и да изгради деловни односи со стартап-скаути од сите поголеми германски мултинационални компании.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости