Македонските вина се промовираат на пазарите во Данска
- Македонските вина се промовираат на пазарите во Данска со посебен акцент на сортата „вранец“ како најголем репрезент на македонската винарска индустрија.
Промотивните настани се одржуваа вчера и денеска во Копенхаген каде винарските визби Тиквеш, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Попов и Попова кула ги презентираа своите производи пред дистрибутери, увозници, ХОРЕКА и професионални купувачи на вино. Во рамки на промоциите се одржаа и две мастерклас презентации коишто ги водеше винскиот критичар и судија Дарел Џозеф.
Настаните ги организира македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопаство во соработка со здружението „Вина од Македонија“. Финансиски промоциите се поддржани од Министерството за земјоделство преку Програмата за поддршка на руралиот развој за 2017 година.
- Данскиот пазар е еден од најпотенцијалните пазари за извоз на македонското флаширано вино, каде извозот секоја година бележи пораст и токму поддршката и организацијата на овие промотивни настани даваат позитивни резултати во делот на градење на брендот и имиџот на македонското вино, велат од здружението „Вина од Македонија“.
Минатиот месец, македонските вина беа промовирани во САД на три настани во Њу Џерси, Мајами и Нејплс.
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград