Фудбал
28. October 2024 - 13:48

Македонското фудбалско дерби Пелистер - Вардар прв пат под рефлектори во Битола


Фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, в недела прв пат ќе биде отворен за публиката да следи вечерен натпревар на кој од 19 часот, силите ќе ги одмерат Пелистер и Вардар.

Сезонава неколку пати се играа натпревари под рефлектори и тоа во Скопје и Струмица, а трет град во оваа низа ќе стане Битола. Пред дербито се игра вонредно коло в среда, во него Пелистер гостува кај Гостивар, а Вардар е домаќин на Брера.