Македонското знаме ќе се развее во НАТО денеска во 15 часот
Во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржи свечената церемонија на кревање на македонското знаме покрај знамињата на останатите земји членки.
На овој настан најавени се присуствата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, првиот човек на Воениот комитет на Алијансата, Маршал Стјуарт Пич и Зоран Тодоров како претставник на Делегацијата на Македонија во НАТО.
Поради коронавирусот не е предвидено присуство на медиуми, но настанот Алијансата ќе го пренесува во живо преку сателит и веб-страницата на НАТО.
Патралелно, церемонија на кревање на нашето државно знаме ќе се одржи и во седиштето на НАТО командата во Норфолк, како и во главната команда во Монс.
Македонија од петокот (27 март) и официјално е членка на Алијансата откако тогаш САД го примија инструментот за пристапување на Република Македонија во Северноатлантскиот договор.
Ново на Сител
-
Претрес во Штип: Пронајдена дрога, приведен дилер
-
Криел дрога во автомобилите, истрага против 52-годишен дилер
-
Сообраќајка кај село Избиште
-
Мисајловски и Тошковски на показна алпинистичка вежба на ЕБР
-
Сиљановска Давкова го честита еврејскиот празник Јом Кипур
-
САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировници на ОН во Либан
-
Селото Чивељ отсечено по поплавите, може да се стигне само пеш или со чамец
-
Најмалку тројца загинати во руска Ингушетија