Џет-Сет
3. May 2016 - 11:09

Маките на Џенифер: Не помнам кога последен пат ме допрел маж

Оскаровката Џенифер Лоренс се пожали дека веќе долго време нема момче и дека одамна не почуствувала машки допир на своето тело. 

-Немам никој. Тоа е навистина тажно. Не се сеќавам кога последен пат ме допрел маж, искрено призна Џенифер. 

Актерката минатиот јули ја заврши љубовната врска со фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, а претходно зад себе ја остави бурната врска со актерот Николас Холтом, со кој се запозна на снимањето на филмот „Икс Мен“ во 2011 година, и со кого повеќепати ја прекинуваше врската и повторно се смируваше.