Макрадули: Без јавна дебата не може да се реализира барањето за ладна валалница во Кавадарци
Без јавна дебата не е возможно да се реализира барањето на кавадаречка компанија за инвестиција во ладна валалница во Кавадарци, рече заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
- Нашето министерство има задача кога ќе го добие барањето за А-интегрирана дозвола да направи анализа и во една јавна расправа и широки консултации да дојде до решението. Бидејќи се работи за А-инсталација, ќе треба да има стартегиска оцена за влијанието на животната средина, којашто сакам да потенцирам не се врзува со типот на земјиштето и намената, не е тоа наш ресор. Ние сме да гледаме и да процениме како се еколошките стандарди и какво е влијанието на почвата, водата и воздухот, нагласи Макрадули во Демир Капија, каде што е на средба со жители, заедно со Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Макрадули додаде дека компанијата, инвеститорите и самите се заинтересирани да направат стратегиска оцена за влијанието, бидејќи и на тој начин се кредитира и се поттикнува стопанството.
- Се разбира, без јавна дебата тоа не е возможно да се направи. Впрочем, и денес најавивме дека идната недела за гасоводот што поминува по сртот на Водно од јужната страна ќе правиме повторно јавна дебата, дециден беше заменик-министерот.
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип