-->
-->
Макрон ја повика Русија да го прифати примирјето
-->
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Русија да го прифати предложениот 30-дневен прекин на огнот што го иницираа САД и Украина. Макрон за ситуацијата разговарал со британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски во своето вечерно обраќање истакна дека со Макрон зборувале за дипломатските напори и техничките аспекти на надгледувањето на евентуалниот прекин на огнот. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха најави дека Киев веќе формира национален тим за развој на мониторинг механизми за евентуален прекин на огнот.
САД и Украина постигнаа договор за примирје на 11 март во Џеда, но Киев инсистира на негово стриктно почитување од страна на Москва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки