Макрон: Револтот на „Вагнер“ укажува на поделби во рускиот табор

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека бунтот на приватната воена формација „Вагнер“ против военото раководство на Русија покажува, како што наведе, „поделби во рускиот табор“ и укажува на кревкоста на руските вооружени сили.
Макрон за денешното издание на дневниот весник „Прованс“, по повод случувањата во Русија, истакна дека треба да се биде внимателен бидејќи ситуацијата се уште се развива.
– Но, тоа ги покажува поделбите што постојат во рускиот табор, кревкоста и на нејзината армија и на нејзините помошни сили, како што е групата „Вагнер“, посочи Макрон.
Тој додаде дека настаните во Русија ги следел „од час во час“.
– Поради сето тоа треба да бидеме внимателни и целосно да се оправда поддршката што им ја даваме на Украинците во нивниот отпор, истакна Макрон за марсејскиот весник пред
Ново на Сител
-

Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети во акција на мобилен царински тим
-

Поранешниот директор на затворот Шутка Филип Андов - Сокол осуден на осум месеци затвор
-

Многу студена новогодишна ноќ, силен северен ветер и температури до -15 степени
-

Над 6.000 парчиња пиротехника запленета на Бит Пазар
-

Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба
-

Тажна вест: Почина познатиот скопски угостител Боби Ле Петит
-

Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица
-

Девет медицински достигнувања кои дадоа надеж во 2025 година
