Макрон со силна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан
Европската Унија и нејзините држави-членки прават многу за поддршка на економскиот и социјален развој на Западниот Балкан.Следствено, очекуваме земјите од Западниот Балкан исто така да го докажат својот ангажман во три области: да ја зајакнат соработката, да ги забрзаат структурните реформи со акцент на фундаменталните реформи како што се правната држава и економското владеење и да ни помогнат подобро да се бориме против тероризмот.
Ова го порача претседателот на Франција Емануел Макрон, во обраќањето на онлајн Самитот во Софија во рамки на Берлинскиот процес посветен на Западен Балкан кој воедно им честита на Македонија и на Бугарија за копретседавањето со процесот.
-Иако сите ние сме силно фокусирани на состојбата со КОВИД-19, од суштинско значење е да го одржиме и зајакнеме овој многу значаен дијалог со Западен Балкан: тој географски, историски и културно и’ припаѓа на Европа. Дозволете ми уште еднаш јасно да потврдам дека Франција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, вели Макрон стои во соопштението од Елисејската палата.
Осврнувајќи се на начинот на кој Париз конкретно ја поддржува европерспективата на земите од регионот францускиот претседател укажува на неколку позитивни настани во однос на Западен Балкан кои се случија од почетокот на годината како што се двете важни одлуки на членките на ЕУ на крајот од месец март, среде првиот бран на пандемијата како што е усвојувањето на новата методологија и одлуката за почеток на прегвори со Македонија и Албанија.
-Се согласивме за нова методологија која го прави процесот на проширување поверодостоен и поефикасен и одлучивме да ги отвориме пристапни преговори со Албанија и со Македонија. Станува збор за отворена перспектива, а знаете колку Франција е строга по ова прашање, што истовремено значи и чесен однос меѓу едните и другите но и кон народите, Второ, во месец јули, наведува тој, Србија и Косово се согласија да го продолжат дијалогот кој беше прекинат 20 месеци. Спорот меѓу Србија и Косово е прашање на европската безбедност, што значи дека е од суштинско значење Европската Унија да ги предводи напорите за посредување меѓу двете страни со цел изнаоѓање конечно решение за овој спор. Франција даде свој придонес во овие позитивни етапи и ќе остане посветена во поддршката на Западен Балкан, во поглед на реформските напори и во поглед на разрешувањето на политичките спорови, порачува Макрон.
Во однос на дневниот ред на состанок во Софија, тој ја истакнува важноста на регионалната соработка и на засилениот економски и социјален развој, кои се неопходни за приближувањето на Западен Балкан кон Европската Унија. Промовирањето на регионалната соработка, потсетува Макрон, е главната цел на Берлинскиот процес уште од 2014 година. Франција, пак, активно придонесе во зајакнувањето на региoналната соработка во регионот.
Од една страна, наведува Макрон, преку Регионалната канцеларија за младинска соработка, според моделот на Француско-германската канцеларија за млади и во партнерство со Француската агенција за развој, која беше основана во Париз за време на Самитот на Берлинскиот процес во 2016 година. Оттогаш, таа стана успешен пример за поддршка на активности наменети за младите од Западен Балкан.Од друга страна,додава, преку Француско-германската иницијатива за борба против недозволена трговија со лесно оружје што ја започнавме во 2017 година и која покажа резултати благодарение на ангажманот на шесте земји од Западен Балкан и на континуираната и одлучна поддршка на партнерите. Оваа иницијатива е добар пример за начинот на којшто регионот може потесно да соработува со Европската Унија во борбата против една голема закана по нашата безбедност.
ЕУ, вели Макрон, направи суштински напор да ја поддржи обновата на балканските земји, силно погодени од пандемијата: пролетта, Европската Унија одвои 3,3 милијарди евра за да одговори на најургентните потреби и за борба против долгорочните последици од кризата со КОВИД. Пред неколку недели, Европската комисија го претстави економскиот и инвестициски план од 9 милијарди евра, што претставува значаен придонес за развој на регионот.
-Во целина, Европската Унија и нејзините држави-членки прават многу за поддршка на економскиот и социјален развој на Западниот Балкан. Следствено, очекуваме земјите од Западниот Балкан исто така да го докажат својот ангажман во три области: Првата, од суштинско значење е земјите од Западен Балкан да ја зајакнат својата соработка. Токму затоа, срдечно ја поддржувам иницијативата за создавање заеднички регионален пазар, заснован на нормите и принципите на Европската Унија, вклучително и на четирите слободи на Европската Унија. Го поздравувам денешното усвојување на оваа нова иницијатива од страна на лидерите на шесте земји. Второ, очекуваме од Западниот Балкан, од земјите кои го сочинуваат овој регион, да ги забрзаат структурните реформи со акцент на фундаменталните реформи како што се правната држава и економското владеење. Неопходно е да се постигне напредок во овие области за да се приближи регионот кон Европската Унија. Трето, неопходна ни e поддршката на земјите од Западен Балкан за да ни’ помогнат подобро да се бориме против тероризмот. Додека опасноста станува се’ поголема, како во Европската Унија, така и во регионот на Балканот, зајакнатата соработка и јасните пораки испратени до нашите општества ќе бидат од заеднички интерес за сите нас.
Тој упати честитки и за усвојувањето на самитот на Зелената агенда за Западен Балкан, по моделот на Зелениот пакт на Европската Унија.
-Тоа е исто така знак дека регионот го присвојува ова прашање и претставува придонес кон приоритетните напори на Европската Унија во борбата против климатските промени и за заштита на животната средина.Зелената програма за Западен Балкан ќе помогне во ослободувањето на економскиот потенцијал на зелената економија во регионот и истовремено ќе овозможи подобра примена на Парискиот климатски договор. Ние сме подготвени да му помогнеме на Западниот Балкан во борбата против климатските промени, порача меѓу другото претседателот Макрон во обраќањето на самитот за ЗБ во рамки на Берлинскиот процес и посака следниот да биде со физичко присуство, веднаш штом здравствената состојба ќе го дозволи тоа и да продолжиме да напредуваме по овие суштински прашања за безбедноста, стабилноста и просперитетот на нашата Европа.
Ново на Сител
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години