Макрон во Париз организира средба на главните либиски играчи
Претседателот на Франција Емануел Макрон ќе организира утре во Париз средба меѓу двајцата главни учесници во либиската криза, претседателот на Владата на национално единство Фајез Сараџ и маршалот Халифа Хафтар, соопшти денеска француската администрација.
Со оваа иницијатива Франција има цел да го олесни постигнувањето политичко разбирање меѓу премиерот на Либија и командантот на националната армија во момент, кога новиот специјелан претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, Гасан Саламе ја презема функцијата, се вели во соопштението на Елисејската палата.
- Заедно си сите свои партнери Франција планира да упати сигнал дека ги поддржува напорите за создавање политички компромис под покровителство на ОН, кој ќе ги обедини различните играчи во Либија, се вели во текстот.
- Целта е да се изгради држава способна за задоволување на основите потреби на Либијците, која ќе има редовна армија, обединета под власта на граѓанската влада, посочува Елисејската палата.
Ново на Сител
-
ЕУ дозволи недржавни знамиња во публика, забраната за изведувачите останува
-
Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина
-
Приведен криминалец баран со потерница, се обидел илегално да ја премине границата
-
Приведен 40-годишен маж, возел со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80
-
Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година
-
По 14 денови прекината блокадата на РТС
-
Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија
-
Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови