Максим Ацевски избран за главен државен ревизор

Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Одлуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“. По изборот главниот државен ревизор положи свечена заклетва пред Собранието.
Ацевски е дипломиран економист од Велес. Во Државниот завод за ревизија е од 2001 година до денес. Често пати во медиумските настапи зборувал за потребата од зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија, но и за односот на надлежните институции кон неправилностите што ги регистрираат ревизорите.
Кон крајот на 2017 година истече мандатот на Тања Таневска, а во изминативе неполни две години со ДЗР раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат во траење од 9 години, истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник. Поради ова фунционирањето на институцијата беше доведено во прашање.
Лилјана Кузмановска, рече дека пратениците ов ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат поддршка за неговиот избор, бидејќи тој доаѓа од редот на ревизорите. Изборот на главен државен ревизор е многу важен, бидејќи, како што потенцира, Државниот завод за ревизија е еден од клучните сегменти во контролата на трошење народни пари.
Комисијата заклучи дека е потребно да се комлетира оваа институција пред изборите, со цел да може да си ги врши своите законски и уставни надлежности.
Собранието на Република Македонија денеска, исто така, го именуваше Крсте Шајновски за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.
За предлогот не гласаше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека со неговите активности покажал дека е партиски кадар на СДСМ, а не професионалец.
Ново на Сител
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
