Максим Каески - 9 годишното дете кое реши да пушта коса за да ја донира за деца болни од канцер
Максим Каески, 9 годишно момче од Скопје ги собра симпатиите на сите откако обзнани дека ја пушта својата коса со цел да ја донира за деца болни од канцер. Видео на интернет на кое забележал дете без коса го мотивирало да ја пушта својата за да може да им дарува на сите кои немаат. Својата мисија ја започнал уште во градинка. Пред извесно време на својот профил на youtube, објави видео во кое зборуваше за предизвиците со неговите врсници во училиште кои го задеваат и исмеваат поради долгата коса.
Максим е дете како и сите други кое сака нормално да ужива во своето детство и да си игра со своите другари без да го задеваат поради долгата коса.
Ние го посетивме во неговиот дом со цел да ни раскаже како и што го мотивирало да почне таква хумана мисија.
Во нашиот разговор со нас ни раскажа како се започнало. Неговата желба е од кога ќе ја дарува косата и изработи периката да го запознае детето на кое истата ќе биде подарена.
Порака која сака да ја прати до сите кои го задеваат е дека не треба да му се исмеваат некому само заради изгледот а неговата мисија е да мотивира што е можно повеќе деца да го прават истото што го прави и он, да ја пуштаат својата коса и даруваат, со цел сите деца кои се борат со канцер да осетат дека не се сами и дека не треба да се откажуваат.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
Мицкоси: Предлогот за широка Влада е под услов уставните измени ВМРО-ДПМНЕ да ги достави со гаранции кои ЕУ и САД ќе ги дадат
-
Мицкоски: Нудам три датуми за избори оваа есен или широка влада, заштитен идентитет и брза интеграција
-
Силно невреме со врнежи од дожд и град во Делчево, поплавени десетина објекти | ВИДЕО
-
Запленета акцизна стока наменета за нелегална продажба | ВИДЕО
-
Меџити: За Клинички центар заинтересирани англиска и турска компанија
-
Повредена жена при пожар во нејзиниот дом во Кочани
-
Дедовци се тепале во Драчево
-
Пукање во Чаир: Рането едно лице