Свет
28. October 2017 - 21:32

Мал туристички авион се урна на пруга во Рим

Две лица се повредени денеска кога мал туристички авион со кој патувале, се урна на железничка пруга во италијанскиот главен град Рим.

Италијанската полиција соопшти дека авионот се урнал при обид за слетување. Причините за падот на леталото засега не се познати.

Поради уривањето на авионот во прекин е сообраќајот преку оваа пруга. Претставник на италијанската железница соопошти дека пругата не е оштетена при инцидентот и дека железничкиот сообраќај ќе биде возобновен по отстранувањето на леталото.