Македонија
29. October 2016 - 17:16

Малолетници, но и возрасни управуваат моторни возила без дозвола во Тетово

Средношколци кои одат на училиште со автомобилот на родителите, но и професионални шофери кои управувале автобус без да носат возачки дозволи. Ова се само дел од примерите на полицајците кои на подрачјето на тетовско и гостиварско секојдневно откриваат речиси десетина лица кои возат без соодветна дозвола за управување возила. 
 
Токму неделава 16 годишно девојче кое немала положено возачки испит се повреди заедно со две другарки кога со автомобилот што го управуавала се удрела во автобус. 
 
Управувањето на возила без возачка дозвола предвидува глоба од 300 евра додека додека давањето возила на друго лице кое нема положено возачки испит е казниво со 400 евра.