Македонија
29. јуни 2017 - 15:36

Малолетници пронашле бомба во Вардар

Педесет и три годишниот Г.А. вчера утрината пријавил дека селото Мало Турчане, во близина на неговата куќа, во реката Вардар од страна на две малолетни деца била пронајдена рачна бомба, која ја извадиле од реката и ја оставиле на тревна површина.

- Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Тетово излегол на местото и констатирал дека се работи за стара неексплодирана рачна бомба „кашикара“, која потекнува од Втората Светска Војна, информираат од МВР.

Бомбата била подигната од местото за понатамошна постапка.