Малолетник им се заканувал со пиштол на ученици во Пирок

Петнаесетгодишен малолетник вчера со празен гасен пиштол без рамка и куршуми им се заканувал на тројца ученици во основното училиште „Сами Фрашери“ селото Пирок, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово.
На инцидентот му претходела вербална расправија меѓу тројцата ученици од Пирок и 15-годишникот од Камењане во дворот на училиштето. Расправијата во еден момент кулминирала и малку недостигало да прерасне во меѓусебна физичка пресметка по што тројцата влегле во училишниот објект. По нив тука влегол и 15-годишникот кој од појасот извадил пиштол, го репетирал, го вперил кон тројцата ученици и им се заканил, а потоа заминал.
Набрзо во близина на селските гробишта во Камењане 15-годишниот малолетник кој не бил ученик во тоа училиште бил пронајден и во присуство на родител бил повикан во СВР Тетово. Притоа кај него бил пронајден и одземен гасен пиштол „Екол“, без рамка и куршуми и по целосното расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок рече Јосифовски.
Ново на Сител
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
-

Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци
-

Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија | ВИДЕО
-

Николовски: Годинава откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема
