Македонија
3. September 2019 - 10:53

Малолетник на мопед тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Вчера во 15.30 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(71) од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 17 - годишник од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Претходно во 11.50 часот на крстосница од улиците „Гоце Делчев“ и „Шар Планина“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген џета“, управувано од А.Н.(56) од Охрид, со живеалиште во САД и мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од К.Д.(29) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.Д. кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.