-->
-->
Малолетник управувал со моторот со кој ги прегази мајката и детето во Карпош
-->
Моторџијата кој удри во мајката и малолетно дете имал 17-години, изјавиле од МВР за „Макфакс“. Според првичните информации, тој удрил во двајцата пешаци, кои поминувале на пешачки прекин, а помеѓу два лежечки полицајци.
„Удрил во М.К. и малолетник, кои се пренесени во Ургентен центар ‘Мајка Тереза’ за укажување лекарска помош, а потоа и во паркирано возило ‘лада’“,изјавиле од МВР.
Не се знае видот на повредите на мајката и детето, кои со Брза помош се пренесени во болница. Тие биле во шок, сведочат случајни минувачи, кои додаваат дека во помош истрчале вработени во локалниот старечки дом, како и случајни минувачи.
Увидот е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
