Манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Прилеп го прослави Голем петок
Со верски обреди, обичаи и вековна традиција денеска во манастирот „Свети Архангел Михаил“ под Марковите кули во Прилеп и во најстарата прилепска населба Варош беше прославен верскиот празник Голем или Источен петок, односно Балаклија.
Прославата традиционално почна во утринските часови со света литургија во манастирската црква. Голем број верници и гости цел ден го посетуваат манастирот за да запалат свеќа, да се помолат за здравје и да земат од водата од изворот под манастирските темели. Верниците веруваат дека водата е чудотворна.
Според отец Блаже Станкоски, архиерејски намесник на прилепската епархија, прославата на Голем или Источен петок, прв петок по Велигден, најверојатно има длабоки корени.
- Источен петок е востановен според приказните од житијата дека на денешен ден во Палестина од извор е нацрпена лековита вода. А изворот во манастирот е откриен со неговата изградба во 14 век. Се верува дека водата е лековита, изјави отец Станкоски.
Манастирот слави, првпат со двата конака. По стотина години е обновен и Источниот конак со средства од Министерството за култура, а денеска слават и жителите од најстарата прилепска населба Варош, каде што портите накитени со зелени гранчиња се отворени за гостите.
Ново на Сител
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола