-->
-->
Манчестер Ј. понуди 100 милиони за Бејл
-->

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Холанѓанецот Луј ван Гал, подготвен е да му понуди на шпанскиот вицешампион Реал Мадрид дури 100 милиони евра за велшкиот интернационалец Герет Бејл.
Луј ван Гал најави дека до крајот на преодниот рок ќе доведе во Манчестер Јунајтед уште две засилувања, порачувајќи им на навивачите да очекуваат „бомба“. Герет Бејл би требало да биде токму тој бомбастичен трансфер. Се нагаѓа дека вториот играч за кој Холанѓанецот покажува особен интерес е бекот на шпанска Валенсија, Аргентинецот Николас Отаменди.
Дел од медиумите на Островот шпекулираат дека Реал Мадрид ќе се согласи на трансферот, единствено доколку покрај купот евра го добие и голманот Давид де Хеа, со што вкупната вредност на трансферот би се искачила на 140 милиони евра.
Бејл минатата сезона постигна 13 голови во шпанската Примера на кои додаде девет асистенции, со што не ги оправда големите очекувања на навивачите и на челниците на „кралскиот клуб“. Бејл на „Сантјаго Бернабеу“ пристигна во 2013 година од лондонски Тотенхем за сума од 90 милиони евра.
Холандскиот стручњак на кормилото на манчестерските „црвени ѓаволи“ ова лето веќе потроши околу 100 милиони евра, ангажирајќи и Морган Шнејдерлин од Саутемптон, Мемфис Депаи од ПСВ Ајндховен, Матео Дармиано од Торино и Бастијан Швајнштајнгер од Баерн Минхен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
