-->
-->
Манчестер Jунајтед постави негативен рекорд по примени голови на домашен терен
-->
Манчестер јунајтед вчеравечер загуби од Ливерпул во 34. коло од англискиот шампионат со 4:2. Екипата на Оле Гунар Солскјер оваа сезона досега прими 27 гола на домашен терен. Ова е најлош резултат на тимот во клупската историја.
Претходниот негативен рекорд беше поставен во сезоната 1971/72, која Манчестер јунајтед прими 26 гола на домашен терен.
На две кола пред крајот на првенството, Јунајтед има 70 бода и се наоѓа на второто место на премиерлигашката табела. Лидер е Манчестер сити со 80 бода и натпревар помалку.
Во зоната која носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, се наоѓаат и Лестер со 66 и Челзи со 64 бода. Шанси има и Ливерпул кој во моментов е петти со 60 бода, но и натпревар помалку од конкурентите за 4. место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
