Фудбал
5. August 2020 - 10:26

Манчестер сити сака да потроши 330 милиони евра за трансфери

Англискиот вицешампион, Манчестер сити има намера да го засили својот состав во текот на летниот преоден рок.

Според „The Athletic“, управата на англискиот клуб издвоила 330 милиони евра за трансфери.

За потсетување, во февруари УЕФА го суспендираше Манчестер сити од учество во европски натпреварувања две сезони заради кршење на финансискиот фер-плеј. Сепак, клубот ја доби жалбата пред Судот за спортска арбитража (КАС). 

Ново на Сител