Мандиант: Кибернападот врз е-Албанија е дело на проирански хакери
![]()
Кибернападот, што во средината на јули па се до вчера попладне ги стави вон функција онлајн јавните услуги и другите владини веб-страници во Албанија, повеќе од сигурно е дело на проирански хакери, чија цел била да го спречат одржувањето на Светскиот самит на муџахедините, во кампот кај Драч, објави „Mandiant“, водечка американска компанија, која се занимава со прашања од областа на кибер безбедноста, јави Еј-Би-Си Њуз, повикувајќи се на Гласот на Америка.
-Во извештајот на компанијата се искажува „разумно верување“ дека напаѓачите дејствувале како поддршка на напорите на Техеран против дисидентите, врз основа на неколку фактори: времето, содржината објавена на канал на социјалните медиуми, што се користи за преземање одговорност за нападите од ваква природа и сличностите со програмскиот код на вирусот што долго време се користи за таргетирање на оние кои зборуваат на фарски и арапски јазик, наведува Еј-Би-Си Њуз.
Според истиот извор, групата која себе си се нарекува „Homeland Justice“ ја презела одговорноста за кибернападот, користејќи вируси насочени кон изнуда за финансиска добивка, но кои се повеќе се користат за политички цели, особено од Иран.
-Овој настан претставува активна закана за јавните и приватните организации во другите земји-членки на НАТО. Додека преговорите за иранскиот нуклеарен договор се заглавени, тоа покажува дека Иран може да биде помалку воздржан во извршувањето на кибернападите и понатаму, стои во извештајот на компанијата.
Светскиот самит, што требаше да се одржи на 23 и 24 јули во кампот „Ашраф“ на иранските муџахедини, припадници на МЕК, во Манза, кај Драч, на околу 30 километри од Тирана, а на кој требало да присуствиваат и американски предавачи, беше одложен ден пред тоа, по предупредувањата од американската Амбасада за можна терористичка закана.
Пред неколку дена албанската Влада соопшти дека методот на хакерите е идентичен со минатогодишните напади во други земји на НАТО, вклучувајќи ги Германија, Литванија, Холандија и Белгија.
Премиерот Еди Рама ги демантираше информациите дека хакерите на владата и побарале 30 милиони евра за да го одблокираат системот.
Ново на Сител
-

Голем руски ракетен напад врз Киев, најмалку 14 лица загинаа, а 22 се повредени
-

Сончево и многу топло
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
