Манџукиќ се повлекува од хрватскиот национален тим
Познатиот хрватски фудбалер Марио Манџукиќ реши да се повлече од националниот тим, каде што му беше помошник тренер на Златко Далиќ.
Манџукиќ беше дел од стручниот штаб на Далиќ од 2021 година. Во пресрет на почетокот на новиот циклус, кој започнува во септември со натпревари од Лигата на нации, тој си замина од „коцкестите“.
-Би сакал да им се заблагодарам на тренерот Далиќ и на ХНС за довербата и можноста, како и на сите колеги во стручниот штаб и играчите за соработката. Горд сум на успесите што ги постигнавме во овој период и мило ми е што можев да и помогнам на репрезентацијата во оваа улога. По овогодинешното ЕП почувствував дека е време за нови и поинакви предизвици, а на репрезентацијата и посакувам многу успех во претстојните натпревари - изјави Манџукиќ за веб-страницата на ХНС.
Ново на Сител
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи