Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови за него лично и за целата нација, откако 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Загубивме многу блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме да се бориме за нашата земја и за репрезентација. Ќе ми фалат секогаш, никогаш нема да бидат заборавени и доколку ми се укаже шанса заедно со моите колеги, ќе го дадеме максимумот во чест на сите нив“, порача Манев во изјава за ФФМ.
Македонската репрезентација в сабота му гостува на Лихтенштајн во Вадуз по што идниот вторник во Скопје ќе го пречека Велс во двата воведни натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
„Ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност, сите заедно да постигнеме резултати, најпрво за сите оние кои го загубија животот“, изјави Манев.
Ново на Сител
-
Претстои променливо облачно време со повремен дожд, од среда наместа поројни врнежи, грмежи и силен ветер
-
Силна експлозија уништи зграда во областа Монтеверде во Рим
-
Папата денеска се појавува во јавноста за прв пат откако беше хоспитализиран
-
Неправилности утврдени кај 11 правни и 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки
-
Додик: Повторно се кандидирам за претседател, ќе спроведеме избори на ниво на РС
-
Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета истрелана врз Израел од Јемен
-
Во УКЦС во Белград се 17 пациенти од пожарот во Кочани, двајца се на механичка вентилација и двајца оперирани
-
Николовски: Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи