Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови за него лично и за целата нација, откако 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Загубивме многу блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме да се бориме за нашата земја и за репрезентација. Ќе ми фалат секогаш, никогаш нема да бидат заборавени и доколку ми се укаже шанса заедно со моите колеги, ќе го дадеме максимумот во чест на сите нив“, порача Манев во изјава за ФФМ.
Македонската репрезентација в сабота му гостува на Лихтенштајн во Вадуз по што идниот вторник во Скопје ќе го пречека Велс во двата воведни натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
„Ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност, сите заедно да постигнеме резултати, најпрво за сите оние кои го загубија животот“, изјави Манев.
Ново на Сител
-
Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи
-
Свечена изјава на новите судии од Академијата за судии и јавни обвинители пред Судскиот совет
-
Денеска е први април – Денот на шегата
-
Тројца починати од паднато дрво во бурата во Мичиген, стотици илјади домаќинства останаа без струја
-
САД ја олеснуваат бирократијата за инвеститорите со нов указ на Трамп
-
Законски измени за забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор
-
Марин Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата
-
Облачно со повремен дожд и слаб ветер