Манифестација „Ден на органско производство“
„Јас бирам здравје, а ти?“ е слоганот на 9-тата манифестација „Ден на органско производство“, што ќе се одржи денеска во Скопје сити мол во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Федерацијата на производители на органски производи во Македонија.
На манифестацијата ќе се претстават органски производители, а за бенефитите од овие производи ќе зборуваат претставници на надлежните институции.
Целта е да се поттикнат граѓаните да размислат какви производи конзумираат и колку изборот на храна влијае на нивното здравје.
- Со зголемување на свеста на потрошувачите за потребата од здрава исхрана расте и свеста на луѓето за консумација на органски производи кои всушност се квалитетни и безбедни производи добиени од одржливо земјоделско производство. РМ ги следи современите светски текови и органското производство во последните неколку години станува перспективен сегмент во земјоделството, соопштуваат организаторите на манифестацијата.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи