Манифестација „Ќебапот - чаршиски бисер на соживот“ во Старата скопска чаршија
Чаршијата е симбол на традицијата, градот, еснафот и соживотот, а нејзината основна задача е што повеќе да не приближи до нашата заедничка цел - бизнис без граници. Еснафот го создава и одржува животот во чаршијата, а главна карактеристика на чаршијата е што еснафот во неа е обединет во различноста.
Ова денеска го истакна министерот за економија, Дритон Кучи на отворањето на манифестацијата „Ќебапот - чаршиски бисер на соживот“ во Старата скопска чаршија. Организатори се Министерството за економија, општина Чаир, Македонско-бугарската стопанска комора, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Здружението „Еснаф“.
- Годинава за субвенционирање на занаетчии обезбедивме 1,6 милиони денари од кои веќе се одобрени 1,2 милиони денари за 12 одобрени барања, додека за проекти за кои аплицираа и занаетчиските здруженија беа обезбедени дополнителни 910.000 денари. Пристигнати се пет апликации со проекти и тие се во фаза на разгледување, рече Кучи.
Во врска со креирањето на регулативата која е во надлежност на Министерството за економија, посочи тој, со новиот Закон за занаетчиство донесен минатата година, креиран согласно потребите на занаетчиите, направено е поедоставување на процедурите и ставен е ред во овој важен сегмент од нашата економија.
Нагласи дека Министерството за економија и во 2017 година ќе ја продолжи со активноста која се однесува на санација и адаптација на излозите и натписите на дуќаните при што посебно се води сметка да не се изгуби автентичноста и културната вредност на самиот објект.
- Во 2017 година од Буџетот на Република Македонија се предвидени 25 милиони денари и ако ги вклучиме и петте милиони денари за проектирање, тоа се 30 милиони денари инвестиција во чаршијата, додаде Кучи.
Претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски рече дека еснафот пред три години донел одлука дека треба да ја подигнат иницијативата за Старата скопска чаршија, бидејќи како што додаде, таа го добила своето законско место како културно наследство.
- Се донесе Закон во Парламентот со кој се преземаат само бенефициите од чаршијата, но не и обврските кон чаршијата. На тоа реагираше еснафот со своите забелешки, визии...и најдовме едно разбирање. Се договоривме тој што го донел Законот за културно наследство да издвои во буџетот пари за да го одржува, надградува и развива, посочи Темелковски и додаде дека Старата скопска чаршија е храм на културата и на историјата.
Ново на Сител
-
УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
-
Путин: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, но не на сметка на руските интереси
-
Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
-
Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат
-
Хеликоптер на брза помош се урна во Турција, при што загинаа четири лица
-
Во израелските напади загинаа 17 Палестинци во Газа, соопштија локалните медицински лица
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија