-->
-->
Манифестација „Кривопаланечка еко-храна“
-->
Традиционални кривопаланечки специјалитети, еко-храна, органски производи од поднебјето на кривопаланечкиот крај и осоговието, ќе бидат презентирани на манифестацијата „Кривопаланечка еко храна“.

На изложбени штандови што ќе бидат поставени на плоштадот во Крива Паланка своите кулинарски вештини за подготовка на разни еко-специјалитети и рецепти кои од колено на колено се пренесуваат во традиционалната кујна од овој регион ќе ги покажат угостители, домаќинки, пензионерки и гости од регионот.
Манифестацијата има натпреварувачки карактер, а жири - комисија ќе ги оценува подготовките во три категории: најдобар вкус, декорација и автентичност. Предвидени се парични награди за трите најуспешни во сите категории, а дополнително, по претходно распишан конкурс за ликовни творби, ќе бидат наградени и трите најдобри цртежи од изложените на градскито плоштад.
Програмата предвидува учество на дечињата од градинката „Детелинка“, кои ќе подготват изработки од компир, а учениците од угостителската паралелка од средното училиште Ѓорче Петров, исто така, ќе приготват специјалитети. Културно– уметничката програма ќе ја збогати настапот на Нино Величковски и на фолклорните друштва „8 Октомври“, „Карпош“ и „Фолклористи“.
Автентичноста на настанот ќе ја надополни декоративниот штанд со етно-мотиви на национала установа Центар за култура Крива Паланка, а предвидено е и дефиле со презентација на стари носии од Кривопаланечко.
На посебен хуманитарен штанд ќе бидат презентирани дел од специјалитетите кои ќе може да се купат, без одредена цена, како донаторски прилог за лица од семејства во социјален ризик кои ќе ги добијат собраните средства во координација со општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УХМР: За викендот стабилно време, во понеделник повторно дожд
-

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата
-

Пијан и без возачка дозвола излетал од пат кај Кочани, едно лице тешко повредено
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода, прифатена гаранција од над 1,15 милион евра
-

Охрид го задржа статусот на светско културно наследство, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките
-

Зошто младите луѓе низ целиот свет имаат тешкотии да ја добијат својата прва плата?
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
-

Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар
