Манифестација „Летен фестивал 2016” во Кавадарци
Со манифестацијата „Летен фестивал 2016” синоќа во Кавадарци симболично беше одбележан почетокот на летото.
Настанот, кој се одржа во паркот спроти кавадаречката полиција, беше во организација на интернационалниот тим при Младинскиот центар „Креактив” од овој град.
- Многу игри и музика им нудиме на кавадарчани, а особено на младите. Се со цел да го поминат забавно и корисно своето слободно време. На повеќе штандови се нудат најразлични активности. Посетеноста покажа дека на градот му недостасуваше вакво нешто. За сето ова да биде како што треба, се погрижија волонтери од Македонија, но и од други земји, изјави Елена Данова, асистент координатор во центарот.
За сите посетители беше организирана и лотарија со награди. Од “Креактив” најавија дека манифестацијата ќе стане традиционална.
Ново на Сител
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки