Манијакот кој се самозадоволуваше пред девојки во автобуси на ЈСП го призна делото: „Со мозокот не бев добар“
Манијакот кој се самозадоволуваше во автобуси на ЈСП и пред влезови на згради, Сонер Арслан, едвај собра храброст да ги погледне четирите жртви во очи. На рочиштето, призна вина, изрази каење и ветуваше дека нема да го повтори делото. Најмладата негова жртва е 19-годишно девојче, додека највозрасната имала 24-години. Вкупно се пет, а четири беа и во судницата. Тој беше со грб свртен кон нив, па дури и кога судијката Љубинка Башевска му укажа дека не треба да и се извинува на неа, туку на оштетените девојчиња. На рочиштето на кое призна вина, Арслан, кој е роден во Турција, има 30 години и е верен, бараше поблага казна и ветуваше дека нема да го повтори делото.
„Да виновен сум. Признавам дека ги сторив кривичните дела онака како што е опишано во диспозитивот на обвинителниот предлог. Многу се каам, многу се извинувам“, кажа тој пред судијката.
„Дали ви е јасно дека ви следува санкција, дека треба да платите трошоци, дека ако некој од оштетените бара штета ќе треба истото да го платите?“, праша судијката, а тој одговори: „Јасно ми е, да“.
„Доброволно го давате признанието? Никој не ве принуди“, кажа судијката, на што тој одговори: „Со мозокот не бев добар…“, кажа обвинетиот, а судијката препраша: „Дали некој ве принуди да признаете? Дали знаете каде сте што сте?“, а Арслан одговори: „Да признавам“.
Арслан, вети дека нема повеќе да се самозадоволува пред девојки на јавно место.
„Цел живот нема да правам вакви грешки. Многу се каам. Татко ми е стар, јас само со него живеам, не може да работи. Во април ќе се женам ќе имам свадба. Барам помош од вас“, рече Арслан.
Негов бранител беше Јовица Страшевски. Адвокатот посочи дека заменува колешка, притоа се извини на жртвите и посочи дека не е во неговата етика да брани вакви предмети. Страшевски пред обвинителката, судијката, полицајците кои го спроведуваа, кажа дека Арслан е корисник на дрога.
„Не е моја етика да бранам вакви предмети, бев замолен од колешката. Како олеснителни околности судот да има во предвид дека обвинетиот е млада личност, има вереница, има план да прави свадба во мај. При одмерување на казната судот да има во предвид, дека истиот е зависник од дрога, која можеби е причинско-посредничка врска за сторување на делото. Да има во предвид дека има потреба од лекување“, рече Арслан.
Обвинителката Лидија Раичевиќ, посочи дека Арслан петпати го сторил кривичното дело.
„Обвинението содржи опис на пет кривични дела за тоа што се случило на фактични план и предлог до овој суд кои докази да се изведат. Јавниот обвинител освен што оваа содржина на поднесено обвинение денес без никакво сомнение ќе ја докаже на начин како што е предложено во писмениот отправок, доколку за тоа се укаже потреба, ќе се впушти во докажување и градење на впечаток на судот низ фазите на директно и вкрстено испрашување. Без никаков сомнеж, со највисок степен за осудителна пресуда, јавниот обвинител, ќе го застапува обвинение“, кажа обвинителката Раичевиќ.
Обвинетиот делата ги сторува во текот на повеќе години, а започнувајќи од 2021 година.
Ново на Сител
-
Се проширува истрагата за несреќата во Кочани, притвор за полициски службеници поврзани со издавање согласности за функционирање на дискотеката
-
Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата