Манолева: Искрено се надевам дека ќе се зголемат платите на докторите

Искрено се надевам дека ќе се зголемат платите на докторите, вели во Детектор Маја Манолева, заменик Министер за здравство. Таа додава дека актуелната Влада секогаш ги слушала барањата на докторите и медицинскиот персонал и дека вложувала максимални напори да обезбеди средства за повисоки плати
„Тоа е она што го бараат синдикатите. Оваа Влада во континуитет ги следеше барањата на здравствените работници во зависност од можностите. Мислам дека постојано се слушаше гласот на здравствените работници и барањата да се зголемат платите и во повeќе наврати.
Искрено се надевам, преговорите се уште се во тек, при крај, искрено се надевам, ова не можам да го потврдам но искрено се надевам дека би требало да се обезбедат средства за она што беше договарано со синдикатите“ – вели Манолева за Детектор.
Ново на Сител
-

Обвинета во случајот „ИПАРД“ призна вина
-

Пораките на Димитровска објавени во судница
-

Функционерите не ги пријавуваат подароците кои ги добиваат во Антикорупциска
-

Кривични пријави за 6 лица од стоматолошката комора - заработиле половина милион евра со злоупотреби на лиценци
-

Михаела Доцова избрана за претседател на бугарскиот Парламент
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
