МАНУ организира изложба на дела од академик Васко Ташковски
Во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на дела (масла, акварели и цртежи) на академик Васко Ташковски.
Изложбата, која е насловена „Ташковски - 80 години“ ќе ја отвори академик Газанфер Бајрам, секретар на Одделението за уметност на МАНУ. За творештвото на академик Ташковски ќе говори академик Катица Ќулавкова.
Васко Ташковски (Нижеполе, 1937) е водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност. Во своето богато уметничко творештво има над 750 слики во маслена техника, 2500 акварели, 1000 цртежи, над 10.000 скици и голем број графики.
Негови дела се наоѓаат во голем број приватни колекции, галерии, музеи и установи во земјата и светот, од Македонија и Европа, до САД, Австралија и Националниот музеј на Кина во Пекинг. Има остварено 50 самостојни изложби во Македонија и во светот, добитник е на 17 награди и признанија.
Во 1994 година Ташковски е избран за дописен член на МАНУ, а во 1996 и за редовен член на Академијата.
Ново на Сител
-
Во зајакната акциска контрола во Скопје полицијата открила 96 сообраќајни прекршоци од кои 41 за брзо возење
-
Таравари ги посети пациентите од трагедијата во Кочани кои се лекуваат во Истанбул
-
Рубио: Наскоро треба да биде постигнат мировниот договор помеѓу Русија и Украина
-
Приведени двајца кичевчани, едниот возел со 2,05 промили алкохол во крвта
-
15-годишник се тепал со друг малолетник, па нападнал и полициски службеник
-
Македонија со шест таеквондисти на Европското првенство во Талин
-
Приведени двајца велешани, краделе во подрум во Струмица и го нападнале сопственикот
-
Ѓоковиќ: Можеби веќе нема да се вратам на теренот во Мадрид