Свет
5. December 2016 - 8:51

Мануел Валс ќе ја соопшти кандидатурата за претседател на Франција

Францускиот премиер Мануел Валс денеска ќе ја соопшти својата намера да се кандидира за претседателските избори во 2017 година, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на информации од неговиот кабинет.

Премиерот во 18,30 часот ќе даде изјава во општината во Еври, предградие на Париз, каде беше градоначалник.