Мао: Кина нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси
– Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг денеска изјави дека Пекинг нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси, алудирајќи на соработката помеѓу Филипини и САД.
– Соработката на Филипините со САД, вклучувајќи го и распоредувањето на американскиот ракетен систем Тајфун, носи ризик од геополитичка конфронтација и трка во вооружување во регионот, истакна Мао.
Кинеското МНР ги повика Филипини да се придружат на стратешката автономија и мирниот развој.
– Во соработката со САД и распоредувањето на ракетниот систем Тајфун, Филипини ја предаде на други сопствената безбедност и националната одбрана … Уште еднаш ја советуваме филипинската страна дека единствениот правилен избор за обезбедување на нејзината безбедност е да се придржува до стратешката автономија, добрососедството и мирен развој, посочи Мао.
Американскиот систем Тајфун, кој може да биде опремен со крстосувачки ракети способни да погодат кинески цели.
Пред два дена филипинскиот министер за одбрана Жилберто Теодоро истакна дека распоредувањето за заеднички вежби е „легитимно, законско и неоспорно“.
Ривалството помеѓу Кина и Филипини се зголеми изминатите години поради нивните претензии во Јужно Кинеско Море, а соработката помеѓу Манила и Вашингтон дополнително ги зголеми тензиите.
Ново на Сител
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија