Маратонско читање на „Војна и Мир“ во живо преку интернет
Познати руски филмски ѕвезди, рускиот космонаут Сергеј Волков и француската актерка Фани Ардан, се меѓу 1.300 лица кои го читаат епскиот роман „Војна и Мир“ на Лав Николаевич Толстој во живо преку интернет.
Станува збор за 60-часовно маратонско читање, што се спроведува во период од четири дена.
Овој необичен настан го организира рускиот државен електронски медиум, што потоа е префрлен и на интернет мрежата.
Определени локации кои се посочени во романот, како што е местото на Бородинската битка од 1812 година, каде француската армија се соочува со силниот отпор на руската војка предводена од генералот Кутузов, се користени како сетови за читање на делови од книгата на Толстој.
Романот, кој е издаден во 1869 година, се смета за едно од најзначните дела во руската и светската литераура. „Војна и Мир“ ја следи судбината на руските аристократски семејства за време на француската инвазија на Русија на полетокот од 19-от век.
Во ова масовно и маратонско читање се вклучени и ученици, спортисти, научници, како и припадници на руските армиски сили.
Во читањето е вклучен и чукун внукот на писателот, Владимир Толстој, кој делови од книгата чита од Јасна Пољана, место на 200 километри јужно од Москва, каде бил имотот и каде се наоѓа куќата во која живеел прославениот писател.
Организаторите на овој настан велат дека станува збор за проект без преседан во светот, опишувајќи дека географијата на читањето се движи од Калининград, до Камчатка и од Земјата на Франц Јозеф, во Арктикот, до Лондон и Париз.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера