Маричиќ: Достоинствено, одговорно и мудро денес правиме чекор кон ЕУ
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, ја поздрави денешната одлуката на мнозинството пратеници, кои го поддржаа францускиот предлог за почеток на преговорите.
,,Мнозинството пратеници ја докажаа својата визија за европска Северна Македонија, давајќи глас за поддршка на францускиот предлог кој значи почеток на преговорите со Европската Унија. Со денешната одлука ја потврдуваме европската иднина на земјата.
Нашиот пат кон Брисел беше тежок и пол предизвици, но вложивме многу труд, енергија и искрено верувавме во нашите цели и определби. Знаевме што сакаме: Демократија, напредок, македонски идентитет, Европа и НАТО и тоа го исполнавме.
Покажавме многупати досега дека сме зрели како држава и спремни да станеме партнери со европските земји. Продолжуваме на нашиот македонски и европски пат - стои во Фејсбук статусот на вицепремиерот Маричиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај