Маричиќ ги демантира обвинувањата од пратеничката Дафина Стојаноска
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ попладнево демантираше дека на пратеничката Дафина Стојаноска и испратил вербална или гестикулативна порака на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
- Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа. Дефина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси. Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации, напиша Маричиќ на „Фејсбук“.
Достојноста на македонскиот Парламент, како што стои во статусот на „Фејсбук“ е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста која владее во нејзиниот табор.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Фон дер Лајен денеска во Косово, средба со премиерот Курти
-
Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад
-
Израел нападна ирански воени локации
-
Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-
Лисица во потрага по храна сред Сараево
-
ПСЖ одбива да му плати на Мбапе 55 милиони евра
-
МЗТ Скопје и Куманово го отвораат четвртото кошаркарско коло