Маричиќ: Хрватска го поддржува стартот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ
Хрватска е наш голем пријател и стабилен партнер и хрватските власти и експерти континуирано ни даваат поддршка на секое поле, а тоа е пропратено со навистина многу блиски односи меѓу македонскиот и хрватскиот народ, објави на фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ, кој престојува во работна посета на Хрватска.
Маричиќ во објавата посочува дека имал средба со државниот секретар во хрватското Министерство за надворешни работи, Андреја Метелко-Згомбиќ, на која уште еднаш е добиена потврда дека Хрватска го поддржува отворањето на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ.
– Државниот секретар Метелко-Згомбиќ ни порача дека треба да се подготвуваме за почеток на преговорите по новата методологија со надеж дека блокадите ќе се надминат и преговорите ќе почнат, додава Маричиќ во објавата.
Претходно денеска, на првиот ден од работната посета на Загреб, Маричиќ ја посети хрватската Академија за обука на судии и јавни обвинители, каде со нејзините први луѓе размени искуства во однос на функционирањето на оваа институција и македонската Академија за судии и обвинители.
Ново на Сител
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка