Маричиќ од Њујорк: ЕУ има план со кој ги отвора вратите за забрзано членство, од нас се очекува да ја искористиме шансата
Нашите стратешки партнери дејствуваат за напредок на Северна Македонија кон ЕУ и очекуваат да ја исполниме европската агенда, за задржување на динамиката и активноста на пристапните преговори со ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Њујорк каде претстојува како дел од владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски.
- Пораките беа јасни и недвосмислени, сите заедно треба да покажеме дека сакаме и имаме капацитет да ја исполниме нашата стратешка цел, а Соединетите Амерински Држави ќе бидат гласен поддржувач на нашата ЕУ интеграција. За уставните измени и целиот процес на преговори клучен останува политичкиот дијалог, волјата и одговорноста на сите од кои зависи извесноста на нашата европската перспектива, вели Маричиќ во изјава по средбите со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак и со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар.
Маричиќ посочува дека забрзано се работи на конкретните чекори за доближување на регионот до реално членство во ЕУ и дека во следните недели го очекуваат новиот план за раст за Западен Балкан, кој, како што вели, преку забрзување на фундаменталните реформи не само што ќе се забрза процесот на пристапување, туку и ќе се поттикне економскиот раст.
- ЕУ има план со кој ги отвора вратите за забрзано членство, од нас партнерите очекуваат да ја искористиме шансата и да не останеме пред вратата, туку да сме идна држава членка на ЕУ, порача Маричиќ.
Ново на Сител
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина
-
Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија
-
Приведени рибокрадци во Охрид