Маричиќ: Рано е да се зборува за седницата за уставни измени
Процедурата за уставни измени во Собрание ќе почне во некоја понатамошна фаза. Сега е рано да се зборува за тоа, бидејќи скринингот ни дава доволно време да ги изведеме уставните измени, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, одговарајќи на прашање на прес-конференција во Владата во однос на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се закаже седница во Собранието за уставните измени.
– Сите опции се на располагање. Ние како Влада ќе понудиме платформа за поддршка на европските интеграции и сигурен сум дека ќе има можност таа платформа да ја подржат широк консензус на пратеници во Собранието, рече Маричиќ во однос на можните опции за обезбедување на двотретинско мнозинство за промена на Уставот за вметнување на Бугарите во Преамбулата.
Според него, тоа нема да биде едноставно, токму заради, како што рече, „овој притисок и премногу пропаганда и лажни вести поврзани со договорот со Бугарија“.
– ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба еднаш да дадат поддршка на нашите стратешки цели. Го пропуштија тоа за НАТО, што е жално за сите нас, но не би требало да го пропуштат за ЕУ. Се надевам дека ќе смогнат сили или како партија или како политички структури да дадат поддршка за овој процес, ние се уште немаме временска рамка, скринингот ни остава доволно простор да делуваме. Ќе работиме на ова интензивно, потенцира вицепремиерот Маричиќ.
Ново на Сител
-
На Табановце и Богородица се чека околу еден час за влез во државата
-
Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“