-->
-->
Марија Петровиќ дел од ЖРК Вардар
-->
На пивотменската позиција во Вардар во иднина ќе настапува српската ракометарка Марија Петровиќ која со „црвено-црните“ договори 18-месечна соработка.
По повредата на Андреа Човиќ која најмалку два месеци ќе биде надвор од теренот, нов играч на тоа место во македонскиот првак ќе биде репрезентативката на Србија.
Таа има настапувано за екипите на Књаз Милош и Ниш.
Со универзитетската репрезентација на Србија има освоено бронзен медал во Јужна Кореја, а играње и на последното ЕП во Шведска во декември 2016 година. Одигра 6 натпревари и постигна 2 гола.
Петровиќ е веќе на тренинзите на Вардар, а право на настап во лигата на шампионите ќе има во четврт-финалето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот