Марин Ле Пен: Руската анексија на Крим не е „илегална“

Кандидатот на екстремно десничарскиот Национален фронт за претседател на Франција, Марин Ле Пен, денеска изјави дека анексија на украинскиот полуостров Крим од страна на Русија „не е илегална", што е во спротивност на ставот на Европа и на САД, јави дописникот на МИА од Париз.
- Јас апсолутно не верувам дека постои илегална анексија. Имаше референдум, народот на Крим сакаше да и се приклучи на Русија, рече шефицата на екстремнодесничарската партија во интервју за радиото РМЦ и телевизјата БФМ ТВ.
Стратешкиот полуостров во Црното Море беше анектиран од страна на Русија во март 2014 година, по воената интервенција, по што следеше референдум за приклучување кон Русија, кој беше оценет како илегален од страна на Киев и на Западот.
Ова анексија ја предизвика најголемата тензија меѓу Западот и Русија по завршувањето на Студената војна. Во знак на одмазда, САД и Европската унија воведоа серија економски санкции кон Москва, кои се уште се во сила. Франција во рамки на санклциите ја поткажа продажбата на двата веќе завршени носачи на хеликоптери од типот Мистрал на Русија.
Ле Пен во интервјуто, исто така, повика и на воспоставување на „стратешки односи“ меѓу Франција и Русија во рамки на борбата против групата Исламска држава.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде меѓу најпогодените од војната на Блискиот Исток, вели ЕБОР
-

Тема на денот со Раби Седрак, директор на институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии
-

6 години членство во НАТО - Македонија кредибилен партнер во Алијансата
-

Трамп го продолжи ултиматумот кон Иран за Ормускиот Теснец
-

Филипче бара мерки од Владата, Мицкоски најави намалување на акцизата ако расте цената на нафтата
-

Војната на Блискиот Исток веќе ги зголемува производните трошоци
-

Новиот државен обвинител одби да ги коментира изјавите на премиерот Мицкоски
-

Нов обвинител ќе ги преземе предметите против полицајците за „Пулс“
