Марк Руте: Украина не треба да влегува во ЕУ

Украина не треба да станува членка на ЕУ, изјави синоќа холандскиот премиер Марк Руте, јави ТАСС.
- Противниците на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина велат дека неговата ратификација ќе стане чекор на патот на влегувањето на Украина во ЕУ, но тоа воопшто не е така, вели тој во интервју за порталот NU.nl.
Според Руте, договорот се однесува на слободната трговија, владеењето на законот, борбата против корупцијата и развојот на демократијата.
- Ние сметаме дека Украина треба да има добри односи и со Европа, и со Русија. Тоа, меѓутоа би било невозможно, ако Украина стане членка на ЕУ, рече холандскиот премиер.
Тој додаде дека во сегашната ситуација Киев нема да може да изгради добри односи со Москва поради Крим и настаните во Источна Украина. - Неопходно е време, но во долгорочна перспектива, тоа има важно значење, рече Руте.
Ново на Сител
-
МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
