Фудбал
13. September 2022 - 19:18

„Марка“ со ново признание за Столе

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се најде во најдобриот тим на 5.коло во Ла Лига, во анализата на престижниот шпански весник „Марка“. Тој имаше одлично издание во дресот на Рајо Валјекано на натпреварот против Валенсија (2:1).