Марковски: Никој со сигурност не може да каже дали ќе има втор пик
Инфектологот Вело Марковски за „Детектор“ вели дека никој со сигурност не може да каже дали ќе има втор пик на коронавирусот.
Појаснува дека оваа идеја ја дала Светската здравствена организација, но таа треба да одговори од каде знаат и според кои искуства се водат. Марковски истакна дека Ковид-19 структурно е најблизок до вирусите САРС и МЕРС, кај кои немаше втор пик, но се појавија по десетина година откако мутирале.
Инфектологот вели дека Балканот се држи добро во споредба со западноевропските држави.
-Имаме многу подобра наука од нив. Можеме да ги разграничиме другите болести од Ковид-19. Климата исто така ни е во многу поповолна состојба. Единствено негативно е што препишувавме едни од други, рече Марковски, појаснувајќи дека во Западна Европа инфектологијата веќе не се изучува како на Балканот.
Вели дека властите ја слушаат науката во воведување на мерките. Голема улога во тоа има тоа што имаме техничка Влада, бидејќи има претставници од повеќе политички партии.
Ново на Сител
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Прв случај со западнонилска треска во Kумановско
-

Владата одлучи: Од денеска до 30 септември, училишниот прибор ќе се продава за 15% поевтино
-

200 паралелки помалку во основно, 100 во средно – Јаневска најави и затворање на 26 рурални училишта
