Мароканецот Осман З. извршител на синоќешниот напад во Брисел

Мароканскиот државјанин Осман З., роден на 12 јануари 1981 година, е идентификуван како извршител на синоќешниот терористички напад на Централната железничка станица во Брисел, кој откако активира две помали експлозии, при кои не беше повредено ниту едно лице, беше убиен од страна на војници.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова беше соопштено на прес-конференција на белгиското Федерално обвинителство.
Портпаролот на Обвинителството информира дека синоќа во 20:39 часот, еден човек влегол во Централната железничка станица и отишол преку пултот за билети кон платформите за да пристапи кон група луѓе. Потоа, тој предизвикал делумна експлозија на неговиот куфер кој се запалил, но експлозијате не повредила никого.
- Човекот потоа отишол да го побара шефот на станицата, а во меѓувреме неговиот куфер експлодирал по втор пат и тој сакал да нападне војник при што извикувал „Алах Акбар“. Човекот не носел појас со експлозив, а неговиот идентитет е Осама З., марокански државјанин роден на 12 јануари 1981 година. Тој не е познат по терористички дела, соопшти обвинителот Ерик ван дер Сипт.
Тој бил еше застрелан и убиен на самото место од страна на војниците кои патролираат на станицата уште од терористичките напади во Брисел на 22 март минатата година, кога беа убиени 35 лица, а над 300 беа ранети.
Од белгиското обвинителство, сепак одбиваат да потврдат дали лицето им е познато на властите за други дела, но според локалните полициски служби, во 2016 година тој бил уапсен за поседување на дрога.
Градоначалникот на проблематичната бриселска општина Моленбек, Франсоа Шепманс, од каде потекнува Осман З., изјави дека тој не бил поврзан со радикалниот ислам.
Бриселското метро и Централната железничка станица од утринава се повторно отворени за сообраќај, откако беа затворени синоќа по инциднетот.
Заканата од трето ниво на опасност останува непроменета по синоќешната експлозија на Централната станица во Брисел, потврди Координативното тело за анализа на заканите (OЦAM), кое заседаваше синоќа во вечерните часови. Оваа информација, ОЦАМ ја објави на социјалната мрежа „Твитер“.
Третото ниво е во сила од ноември 2015 година и означува дека „терористички напад е можен и веројатен“. Од таа причина, присуството на до заби вооружени војници и полицајци што ќе патролираат во Брисел, но и во другите големи белгиски градови, останува до неодредената одлука.
Ново на Сител
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
-

Се одржува Галичка свадба - обичаи, традицонални носии, песни и оpа како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
-

Петровден: Cветецот кој трипати се откажа од Исус, кој беше далеку од совршен, но карпа врз која може да се изгради црквата
-

Претпладне променливо облачно со сончеви пеpиоди, попладне услови за пороен дожд и грмежи
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ
